СООПШТЕНИЈА


  • Заштитни мерки и дезинфекција во училиштето х2

    Во нашето училиште, денес 27.04.2020, понеделник, по втор пат се изврши целосна дезинфекција на сите употребливи простории во училиштето од страна на лиценцирана фирма за дезинфекција Stars Дооел - Скопје.







  • Заштитни мерки и дезинфекција во училиштето

    Во борбата против зараза од коронавирус (COVID-19), нашето училиште ги превзема сите неопходни хигиенски заштитни мерки. Имено, откако техничкиот персонал темелно го исчисти целото училиште, денес извршивме целосна дезинфекција на сите постоечки простории во училиштето, вклучувајќи ги и санитарните јазли и ходниците.

    За ова беа користени хлор и течен концентрат за чистење и дезинфекција ДЕЗИНТАЛ 5%





  • Јавна благодарност и донација

    Јас, Јордана Тодоровска, наставник по македонски јазик во ООУ„Страшо Пинџур“, им се заблагодарувам на сите лица кои донираа материјални средства за лекување на мојата ќерка Славица Цаци Тодоровска, за борбата со тешката болест која заврши трагично. Се лекувавме во нашата држава и надвор од неа, но болеста не порази. Моето чедо во сјајот, цветот и успешноста на нејзината младост замина на пат без враќање, не напушти и остави вечно тажни... Посебна благодарност до сите вработени и нашата директорка Анета Георгиевска затоа што секогаш беше подготвена да ми помогне во месеците на борбата за живот на мојата Цаци. Дел од донираните средства за лекување на Цаци останаа и по нејзина и наша желба ќе бидат доделени на деца кои се соочуваат со потешки и хронични дијагнози како мал допринос за нивното здравје.

    За таа намена во просториите на нашето училиште на ден 10.2.2020 година беше одржана донаторска средба со родителите на шест деца со сериозни дијагнози верифицирани кај педагошко-психолошката служба, и на истите им беа доделени по 100 евра во противредност на денарот. Иако е мала сума, се надевам дека барем малку ќе им олеснам на родителите. Доделени се и други средства надвор од ООУ „ Страшо Пинџур“, а за потребите на децата со попреченост во училиштето, од Цаци ќе бидат набавени одредени специфични материјали за ресурната соба, за децата со посебни потреби.

    Чувајте го здравјето на вашите деца, Цаци секогаш беше здрава и за првпат беше во болница каде што се соочивме со страшна дијагноза. Мислевме дека здравјето на нејзините години е нормална работа и така треба да биде, но секогаш има страдалници и исклучоци. Тоа најдобро го знаат родителите на мали деца кои се соочуваат со лоши дијагнози.

    Со почит,
    Јордана Тодоровска

  • „Од Цаци за најдобрите деца во светот“

    Донаторска акција во ООУ„Страшо Пинџур“ - Скопје
    10.03.2020 година
    „Од Цаци за најдобрите деца во светот“

    Донирани се материјални средства на шест ученици кои своето детство го минуваат со секојдневна терапија.
    Исто така, донирани се материјални средства за опремување на „Ресурсната соба“ во училиштето.

  • Награден конкурс по повод 40 годишнината од постоењето на училиштето

    ООУ „Страшо Пинџур“ – Ѓорче Петров,Скопје
    ОБЈАВУВА НАГРАДЕН КОНКУРС
    За најдобра ЛИТЕРАТУРНА И ЛИКОВНА ТВОРБА
    На тема:
    „ЗАЕДНО СОЗДАВАМЕ СПОМЕНИ“
    „WE MAKE MEMORIES TOGETHER“
    „ENSEMBLE, ON CRÉE DES SOUVENIRS“

    Во пресрет на јубилејниот патронат на нашето училиште 40 години Страшо Пинџур-„Спектар на успехот“ а со цел развивање и ширење соработка меѓу образовните институции, Ве информираме дека ООУ „Страшо Пинџур“, Скопје, организира општински награден литературен и ликовен конкурс на тема: „Заедно создаваме спомени“.

    Целта на конкурсот е да се поттикне креативниот начин на изразување на учениците преку литературните и ликовните творби, каде ќе имаат можност да го изразат својот став, мислење, фантазија, имагинација, своето доживување и секако своите вештини и знаења.

    ПРОПОЗИЦИИ ЗА УЧЕСТВО:

    • ЛИТЕРАТУРНИТЕ ТВОРБИ освен на македонски јазик, може да бидат напишани на англиски јазик и на француски јазик; треба да бидат уредно напишани, со фонт 12 (Times New Roman), македонска поддршка (за литературните творби на македонски јазик), и електронски да се испратат на следниов email:

    strasopindzur.konkurs@yahoo.com

    • Во десниот горен агол од творбата да биде напишано името и презимето на ученикот, одделение / клас, неговиот одговорен ментор/наставник(професор) и името на неговото училиште.
    • За ЛИКОВНАТА ТВОРБА дозволени се сите ликовни техники како и нивни комбинации;
    • Право на учество имаат сите ученици од 4то до 9то одделение, и учениците од I и II година средно образование на ниво на сите основни училишта и средното училиште во општина Ѓорче Петров;
    • Може да учествуваат со најмногу една творба, индивидуално;
    • Творбите да бидат претставени на блок бр. 5 и истите доставени од страна на наставникот(професор) / ментор, на адреса: ул. Лука Геров бр.21, 1060 Ѓорче Петров, Скопје.

    - Литературните и ликовните творби се селективни
    - Ќе се избира најдобра литературна и најдобра ликовна творба
    - Ќе бидат наградени најдобрите со прво, второ и трето место на општинско ниво
    - Секое училиште како и одговорните наставници/ментори, ќе добијат потврда за учество
    - Конкурсот ќе трае од 27.01 2020 до 10.02 2020
    - Наградените ученици ќе бидат претходно информирани а наградите ќе се доделуваат свечено на денот на прославата на патрониот празник.

    ООУ „Страшо Пинџур“ – Ѓорче Петров,Скопје
    Директор: Анета Ѓорѓиевска

  • Велигденски базар

    Во текот на месец април 2020 година, ќе се реализира Велигденски хепенинг (базар)

    ООУ „Страшо Пинџур“ – Ѓорче Петров,Скопје
    Директор: Анета Ѓорѓиевска

  • Отворени денови

    25 октомври
    25 декември
    25 февруари
    25 март

    ООУ „Страшо Пинџур“ – Ѓорче Петров,Скопје
    Директор: Анета Ѓорѓиевска

  • Зимски распуст

    Распустот за учениците започнува на 1 јануари а завршува на 20 јануари. Учениците го започнуваат второто полугодие од учебната 2019/20 на 21 јануари ( вторник)

    ООУ „Страшо Пинџур“ – Ѓорче Петров,Скопје
    Директор: Анета Ѓорѓиевска