УЧИ ОД ДОМА
01.06.2020 - 10.06.2020


Дневен план за работа на учениците од одделенска настава во домашни услови

Новонастаната ситуација во нашата земја ја наметнува потребата за учење на учениците и работа во домашни услови преку организирана електронска едукација која ќе биде достапна на секој ученик-родител/старател објавена на веб страна ooustrasopindzur.online

Дневниот план да се разбере како организирана хармонична целина за работа-учење, творење, online дружење, одмор, забава, а во амбиент кој во многу се разликува од амбинтот во кој се изведува наставата и другите училишни активности, а кој се одвива во домот.

ДНЕВНИОТ ПЛАН ОПФАЌА:

1. 8h- 10h Будење на учениците

• Извршување на секојдневните хигиенски навики;
• Утринско вежбање со цел раздвижување и одржување на мускулатурата на телото;
• Утрински појадок во кој треба да бидат вклучени здрави намирници;
• Уредување и подготовки на просторот за следење настава.

2. 10h- 12h Следење на електронска настава преку телевизија, ТВ- училница

Работата на учениците се состои во :
• Следење на содржините во емисијата кои имаат едукативен карактер;
• Стекнување на одговорност за правилно следење и внимание на содржините.

3. 12h – 14h Време за пауза, одмор и релаксација

4. 14h – 16h Самостојна работа на учениците во домашни услови

• Помагање со појаснување на недоволно јасни содржини преку консултации со наставникот;
• Проширување на содржините со читање на дополнителна литература;
• Развивање интелектуалните способности на ученикот: мислење, набљудување, помнење, развивање на мисловните операции и сл.;
• Формирање на индивидуални ставови;
• Разгледување на насоките и електронскиот материјал за учење од дома, пишување и испраќање на домашните задачи на наставникот.


ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици и родители,
Далечинското учење од дома, наложува нашите ученици и Вие како родители (на ученици од најмала возраст), да испраќате мејлови од зададените реализирани домашни задачи, од страна на нашите наставници.
За таа цел, Ве замолувам сите, во прилог на испратените задачи, задолжително да наведете целосно име и презиме на ученикот на кој што се однесува испратената задача, со цел наставникот да има јасен увид за кој ученик се работи, а со тоа да им овозможиме на наставниците нормален тек на нивната работа.

Ви Благодарам на разбирањето
Со почит,

Директор Анета Ѓорѓиевска


НАСТАВНИ СОДРЖИНИ

26.05.2020 - 29.05.2020 ↓ 01.06.2020 - 10.06.2020 ↓
   
11.05.2020 - 15.05.2020 ↓ 18.05.2020 - 22.05.2020 ↓
   
27.04.2020 - 30.04.2020 ↓ 04.05.2020 - 08.05.2020 ↓
   
13.04.2020 - 16.04.2020 ↓ 21.04.2020 - 24.04.2020 ↓
   
30.03.2020 - 03.04.2020 ↓ 06.04.2020 - 10.04.2020 ↓
   
11.03.2020 - 20.03.2020 ↓ 23.03.2020 - 27.03.2020 ↓
   

НАПОМЕНА:
Почитувани ученици и родители, за сите прашања што се однесуваат за домашните работни задачи или материјалот што се изучува, ве молам да ги контактирате наставниците преку електронска пошта на следниот линк →.


Корисни линкови:
Историја на македонскиот јазик →
Начин на обработка на лектири (пример: Марта од Г. Петрески) →
Справување со конфликтни ситуации →
Чекори на ненасилна комуникација →
Природни катастрофи (презентација на ученикот Васко Ангеловски 8А одделение) →
Традиции, носии и обележја на Ростуше и Галичник (презентација на ученикот Васко Ангеловски 8А одделение) →
Црвениот крст и црвената полумесечина (презентација на ученикот Васко Ангеловски 8А одделение) →